Акцентот во македонскиот јазик



Акцент е нагласеното, посилно изговарање на еден слог во зборот. Слогот врз кој паѓа акцентот се вика акцентиран слог.
Македонскиот акцент е динамичен и определен.
Динамичен акцент значи дека се одликува со силата на издишната струја, а определен значи дека се наоѓа на точно определено место во зборот.
Местото на акцентот во македонскиот јазик е на третиот слог од крајот на зборот кај трисложните и повеќесложните зборови.


            Правила за акцентирање

            (* Во примерите акцентот е обележан со цртичка над самогласката.)

            1. Кај трисложните и повеќесложните зборови акцентот стои на третиот слог од крајот на зборот.
            На пр.: слаткáрница.

            2. Кај двосложните зборови акцентот стои на почетниот слог од зборот.
            На пр.: сéло.

            3. Кај едносложните зборови акцентот стои на единствениот слог.
            На пр.: сóн, дóм, бóл, вóл.

            4. Ако зборот се зголемува со додавање на претставки и наставки, акцентот се поместува за да застане секогаш на третиот слог од крајот на зборот.
            На пр.: грáд - грáди - и`зградба - изгрáдбата.


This free website was made using Yola.

No HTML skills required. Build your website in minutes.

Go to www.yola.com and sign up today!

Make a free website with Yola