Кодификацијата е прифаќање и систематизација на јазични правила и закони и пропишување задолжителна јазична форма. Таа претставува значаен чин во историјата на еден народ.
Кодифицираниот јазик е нормиран јазик.
Кодификацијата на Македонскиот јазик е поврзана со следниве историски настани:
Македонската државност се зацврстува со историските решенија на Првото заседание на АСНОМ. Меѓу тие решенија од особено значење е Решението за воведување на македонскиот литературен јазик како службен во македонската држава.
Исто така Президиумот на АСНОМ како највисоко тело на македонската држава, во ноември 1944 година назначил комисија која требало да поднесе предлог за азбука и правопис на македонскиот јазик.
Првата комисија не ги оформила целосно своите ставови, па, со извесни измени во составот на комисијата прашањето за азбуката и правописот се изјаснило во мај 1945 година. Притоа се поставиле следниве принципи:
(Блаже Конески, Граматика на македонскиот литературен јазик, Култура, Скопје, 1982, стр. 56.)
Комисијата за азбука и правопис во дефинитивна форма ги формулира своите ставови во Резолуција, донесена на 3 мај 1945 година. Таа е усвоена на 5 мај 1945 година од Народната влада на федерална Македонија.
Правописот на македонскиот јазик е озаконет на 7 јуни 1945 година.
Донесувањето на азбуката и правописот претставува значаен придонес во чинот на кодификацијата на македонскиот литературен (стандарден) јазик. Со тоа се олеснува стандардизацијата на јазичната норма во јазичната практика.
This free website was made using Yola.
No HTML skills required. Build your website in minutes.
Go to www.yola.com and sign up today!
Make a free website with Yola