О тешкото! Сега по нашите села
во слобода првпат штом оро ќе сретнам,
зар чудно е - солза да потече врела,
зар чудно е - жалба јас в срце да сетам?!
Од вековно ропство, мој народе, идеш
но носиш ти в срце дар златен и пој.
Пченицата твоја триж плодна ќе биде,
И животот твој!
Обработка на песната "Тешкото":
Мотив:Разиграното тешко оро симбол на непокорот на македонскиот народ.
Поетски слики:
1.Тажниот звук на зурлата го стиска клетото срце.
2.Старците го започнуваат тешкото и бавно оро.
3.Младите момци му даваат сила на тешкото оро.
4.Исконската сила и желбата за слобода.
5.Мачната болка од робијата клета.
6.Пренесувањето на македонската богата традиција од колено на колено.
7.Бунтовната нога на тешкото оро за слобода на родниот крај.
8.Долго вековното ропство и врелата солза за иднината и животот наш.
This free website was made using Yola.
No HTML skills required. Build your website in minutes.